Бајден за можната соработка со Русија: Путин добро знае какви треба да се односите

Фото: EPA-EFE/PETER KLAUNZER

Русија и САД имаат шанси за соработка во областите како неширењето на нуклеарно оружје и климатските промени, изјави американскиот претседател Џо Бајден на виртуелниот состанок на Демократскиот национален комитет.

„Јасно му ставив до знаење на претседателот Владимир Путин во врска со односите помеѓу Америка и Русија, дека тие треба да бидат стабилни и предвидливи. Потребно е да соработуваме таму каде има заеднички интерес, како што се неширењето на нуклеарно оружје и климатските промени“ изјави Бајден, соопштувајќи од Белата куќа.

Говорејќи за разликите помеѓу двете сили, Бајден нагласи дека би разговарал и за можните сајбер напади или мешањето во американската економија, пренесува ТАШ.

„Во тек е трката на 21-виот век, за тоа кој ќе има најсилна економија. Светот не сака да губи време. Пред нас има многу работа и потребно е брзо да реагираме“ додаде Бајден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот