Упатствата на Бајден / Фото: Профимедиа

Бајден го потпиша Законот за безбедност на оружјето

Претседателот на САД, Џо Бајден денеска го потпиша Законот за безбедност на оружјето.

– Ова е монументален ден. Со Божја помош, ова ќе спаси многу животи, истакна Бајден по потпишувањето на Законот, што претходно беше поддржан од демократите и републиканците.

Со потпишувањето на Законот за безбедност на оружјето почнува првата реформа на трговијата со оружје на федерално ниво во изминатите 30 години.

Пред неколку дена американскиот Врховен суд ги прошири правата за поседување и носење на оружје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот