Фото: Промо

Бајага и Владо Јаневски со заеднички концерт на 14 февруари во Скопје

Македонската публика ќе има можност да ги види на една сцена, и само една вечер, двајцата реално најголеми хитмејкери Бајага и Владо Јаневски.

Од „Авалон продукција“ го најавуваат нивниот заеднички концерт на 14 февруари 2026 година, во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје.

„Повеќе од 4 часа – само хитови! Кои и какви, нема потреба да набројуваме, сите знаеме“, велат од продукцијата.

Бајага и Владо Јаневски веднаш ја прифатиле идејата за заеднички концерт, со големо задоволство и взаемна почит.

Вечерта ќе ја отвори Владо Јаневски со целовечерен настап со својот фантастичен бенд, а потоа продолжуваат Бајага и Инструктори исто со целовечерен концерт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот