„Бајага и инструктори“ завршија во учебниците за средно училиште: Ќе се изучуваат акордите на хит од 1997 година
Легендарниот српски бенд „Бајага и инструктори“ заврши во учебникот по Музичка култура за четврта година од општествено-јазичниот курс во средните училишта во Србија, пишуваат српските медиуми.
Препорачано
Со овој факт на социјалниот медиум Икс (Твитер), се пофали гитаристот на бендот, Живорад Жика Миленковиќ, кој ја фотографираше страницата од учебникот, со рубриката „Рок музика“.
Udžbenik iz muzičkog za 4. razred društveno jezičkog smera gimnazije. pic.twitter.com/avrBat0tcu
— Živorad Milenkovic (@babamandrak) September 5, 2023
„Бајага и инструктори“ е рок-група основана од композиторот, текстописец и гитарист Момчило Бајагиќ Бајага во 1984 година. Истата година го издаваат својот прв албум „Позитивна географија“, а до 2020 година се објавени вкупно 11 албуми. Во книгата „Ју 100: најдобри албуми на југословенската поп и рок музика“, рангирани се четири албуми на оваа група: „Са друге стране јастука“ (13. место), „Позитивна географија“ (37.), „Јахачи магле“ (број 58) и „Продавница тајни“ (79.). Групата одржа бројни концерти во поранешна Југославија, но и во светот“, пишува во учебникот.
Од другата страна на учебникот се напишани акордите за популарната песна од 1997 година, „Буџење раног пролећа“.


