Баерн си најде десен бек во Мадрид

twitter/Bayern & Germany

„Кралското“ разочарување се наоѓа пред потпис на шестмесечна позајмица во Баерн Минхен.

Алваро Одриозола го делат само лекарски прегледи од потпис на договор со германскиот шампион. Одриозола се наоѓа во Минхен на лекарски прегледи кои доколку ги помине ќе потпише шестмесечен договор со Баерн.

Засега двете екипи се договорија само за позајмица но не и за евентуален откуп на договорот на крајот од сезоната, но нема да биде изненадување доколку Одриозола ги задоволи вкусовите на челниците на германскиот тим да остане во Минхен на подолго време.

Двете екипи имаат одлична соработка во последните 10-тина години која започна со трансферот на Тони Крос од Баерн во Реал, во обратен правец во последните години дојдоа Чабо Алонзо и Хамес Родригез.

Баерн во зимскиот преоден рок беше во потрага по десен бек бидејќи Џошуа Кимих е прекумандуван во средниот ред, додека францускиот репрезентативец Бенјамин Павар мораше да игра на штоперската позиција поради неколку повредени играчи.

Алваро Одриозола во Реал Мадрид пристигна во 2018 година од Реал Сосиедад за сума од 30 милиони евра, но се покажа како разочарување. Оваа сезона одигра само пет натпревари но и тоа не беше доволно за тренерот Зинедин Зидан да му даде поголема доверба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот