Баерн рутински: Левандовски е неверојатна „гол-машина“! (ВИДЕО)

фото: твитер

Полскиот интернационалец во дресот на баварскиот гигант уште еднаш потврдува зошто е еден од најдобрите светски напаѓачи…

Заврши и неделната програма од продолжувањето на сезоната во Бундеслигата, бранителот на титулата ги освои трите бода на гостувањето кај Унион Берлин.

Баерн Минхен триумфираше со 0:2 благодарение на погодоците на Левандовски во 40 и Павар во 80 минута од средбата.

Полскиот интернационалец Левандовски и после двомесечната пауза поради пандемијата на коронавирус, уште еднаш потврдува зошто е еден од најдобрите светски напаѓачи.

И петта сезона по ред во сите натпреварувања ја достигнува бројката од минимум 40 погодоци:

Роберт Левандовски, Баерн Минхен 
Сезона 2015/2016, 42 голови од 51 натпревар
Сезона 2016/2017 43 голови од 47 натпревари
Сезона 2017/2018 41 гол од 48 натпревари
Сезона 2018/2019 40 голови од 47 натпревари
Сезона 2019/2020 40 голови од 34 натпревари

Претходно ремизираа Келн и Мајнц, а лигашката рунда ќе биде комплетирана в понеделник со дуелот Вердер Бремен-Баер Леверкузен (20.30 часот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот