Баерн носи екстра засилување од Атлетико Мадрид

EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Се чини дека германскиот тим најде замена за Тијаго Алкантара.

Шпанскиот репрезентативец Саул Нигез од следната сезона најверојатно ќе го носи дресот на германскиот шампион Баерн Минхен.
Според изворите од Шпанија, двата клуба се наоѓаат пред конечен договор и Саул Нигез за сума од 80 милиони евра ќе се пресели во шампионот на Бундеслигата за да ги покрие „дупките“ кои настанаа по заминувањето на Тијаго Алкантара во Ливерпул.

Саул Нигез во изминатиот период се поврзуваше со трансфер во Манчестер јунајтед, но се чини дека Баерн Минхен уште еднаш им одржа лекција на гигантите како се прават трансфери.
Оваа сезона Саул не доби премногу шанси за настап од тренерот Диего Симеоне кој на лето планира да направи ремонт на екипиата.

Како замена за Саул, тренерот на Атлетико сака да го донесе Родриго де Паул од Удинезе чиј трансфер ќе изнесува околу 40 милиони евра. Симеоне исто така сака да се ослободи од Киран Трипие и Симе Вршаљко и од Арсенал да го донесе Ектор Бељерин.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот