Фото: EPA/PETE ANDREOU

Баерн и Нено Димитријевиќ редат победи во германскиот шампионат

Во рамките од 17 коло во најсилното германско кошаркарско првенство екипата на Баерн дома со 98:79 го совлада тимот на Вурцбург. Тоа е 13 победа во низа за Баерн во шампионатот.

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ придонесе во победата со пет поени, четири скока и две асистенции за 16:23 минути игра.

Од неговите соиграчи најефикасен беше Канаѓанецот Ајзеа Мајк со 20 поени, а на спротивната страна Бри Ајви реализираше 18.

Баерн е моментно првопласиран на табелата со 32 бодови, осум повеќе од второпласираната Алба Берлин.

Во следното коло Димитријевиќ и неговите тимски колеги на 1 февруари ќе го пречекаат составот на Улм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот