Бади Винкл, 91-годишна бабичка е модна сензација на Интернет

Таа се вика Хелен Рут, но светот ја знае по нејзиното уметничко име, Бади Винкл.

На нејзините Инстаграм и Фејсбук страници пишува – „Од 1929 година ви ги крадам мажите“. Да, добро прочитавте, Бади Винкл има 91 години и е инспиративна модна сензација на социјалните мрежи.За себе вели дека и покрај годините што ги има, и кои се само бројка, таа се чувствува млада во духот. А таа нејзина младост и страст кон животот и модата се гледа преку постираните фотографии.

stealing your man in my Fashionnova ?

Publiée par baddiewinkle sur Dimanche 5 mars 2017

Бади објаснува дека љубовта кон модата и помогнала да ја преброди смртта на сопругот и синот.

На социјалните мрежи е активна од 2014 година. Денес, оваа трендсетерка има над 2 ипол милиони следбеници на Фејсбук и речиси 4 милиони следбеници на Инстаграм кои секојдневно ги расположува, но и ги инспирира, постирајќи „откачени“ фотографии и позирајќи во трендовски модни парчиња. Меѓу нејзините обожаватели се и дузина познати личности, како сестрите Кардашијан и Мајли Сајрус.

IT'S LiiTT!

Publiée par baddiewinkle sur Samedi 15 octobre 2016

– Кога бев тинејџерка, се облекував како и сите други. Но, морам да ве потсетам, сега ве навраќам во камено време, назад во 30-тите години. Многу тешко време. Немавме многу облека, но меѓусебно си разменувавме и правевме различни комбинации за да не бидеме постојано облечени во исто, како што прават тинејџерите, вели Бади и продолжува. – Тогаш се носеа долги фустани, а потоа фустаните стануваа пократки, по 1940 година, а потоа станаа уште пократки. Уште од младешки денови имав чувство дека имам стил. И отсекогаш ги сакав боите. Воопшто не носев црно, освен ако не одам на погреб.

Бади објаснува дека отсекогаш била инспирација за пријателките кои ја копирале, дека била бунтовна и дека ги игнорирала гласините за нејзиниот живот.

-Израснав во религиозно семејство, моите родители беа многу строги, особено татко ми. Претпоставувам дека бев тешко дете за нив. Но правила се тука за да се прекршат. Мора само да го сакате својот живот и да уживате во него, додава Бади.

Како што вели, Инстаграм ѝ помогнал уште повеќе да го дефинира својот стил.

-Мислам дека забавните модни комбинации ми помогнаа да се чувствувам подобро. Знаете, јас имам 91 година. Стара сум. Тоа го знам во мојата глава, но не знам како треба да се чувствувам како 91-годишна. И не знам зошто не би требала да се однесувам како 30-годишна. Јас сум само „јас“ секој ден, објаснува Бади Винкл.

90 years old ?

Publiée par baddiewinkle sur Jeudi 19 juillet 2018

Никогаш не мислела дека ќе стане толку позната, иако, отсекогаш сакала да биде филмска ѕвезда. Во младите денови сакала да биде како глумицата Хеди Ламар, а подоцна како Рита Хејворд. Никогаш не сонувала дека ќе го посети Холивуд, а денес, и Холивуд ѝ „симнува капа“.

Погледнете каков весел дух нѝ носи модерната бабичка и живејте го и вие животот со полни бели дробови!

View this post on Instagram

drip drip ? ??

A post shared by ✨?? BAD LIL BADDIE ???✨ (@baddiewinkle) on

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот