Бабовски за африканската чума: Прво контрола од ветеринар, па вселување на свињи во одгледувалиште

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Немаме ниту еден регион, ниедна општина каде што се спроведуваат заштитините мерки и во ниеден регион не се во сила мерките што се спроведуваа за заштита и спречување на болеста африканска свинска чума. На територијата на цела држава ќе може да се изврши репопулација на свињарските фарми по точно дефинирани услови коишто се пропишани со правилникот, рече на денешната прес-конференција директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски. Бабовски нагласи дека и покрај тоа што е тргната забраната за одгледување свињи, сепак, вселувањето (репопулацијата) на свињите во одгледувалиштата на свињи ќе се врши само доколку се исполнети следниве услови:

-Одгледувачот треба да поднесе Барање до надлежното ветеринарно друштво за одобрување за вселување на домашни свињи во одгледувалиштето.
-Вселување на домашни свињи во одгледувалиштето може да се одобри само доколку истото е регистрирано и категоризирано со низок или среден ризик во однос на воспоставени биосигурносни мерки.
-Одгледувалиштето пред вселувањето треба да биде исчистено и дезинфицирано од страна на надлежното ветеринарно друштво на товар на одгледувачот.
-Животните кои се вселуваат треба да потекнуваат од одгледувалишта со среден или низок ризик во однос на воспоставените биосигурносни мерки, да бидат индивидуално идентификувани согласно Правилникот за идентификација и регистрација на животни од видот свињи и да бидат проследени со Сертификат за здравствена состојба на животните.

„Мора да бидеме внимателни бидејќи се работи за доста отпорен вирус и ако не ги почитуваме правилата можно е повторно да дојдеме во ситуација повеќе од една година да се бориме со африканската свинска чума, која може да предизвика огромно штети.“, нагласи Бабовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот