Бабовски: Кај нас нема од вафлите „Кит Кат мини“ кои се повлечени од хрватскиот пазар

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во државава нема од производот „вафли Нестле Кит Кат Мини“ којшто е повлечен од хрватскиот пазар, информира директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Никола Бабовски.

– Производот повлечен од пазарот во Хрватска, во РАСАФ системот се уште не е нотиран. Нашите инспектори веќе се на терен и во поголемите ланци на маркети нема од тој производ. Има 125-грамски, додека 200-грамски и наполитанки со чоколаден прелив кои се третирани во Хрватска како небезбедни, кај нас на пазарот не се појавени, изјави Бабовски.

Тој најави дека контролата во супермаркетите ќе продолжи и во наредните денови.

-Очекуваме и соодветна нотификација од хрватската служба во РАСАФ системот и системот за брзо предупредување и информирање, рече Бабовски.

Хрватската Агенција за земјоделство и храна денеска објави дека производот вафли Нестле КИТ КАТ Мини е повлечен од пазарот поради присуство на минерални масла.

-Се повлекува исклучиво Несле Кит Кат Мини 200 g во кесичка серија 40580734, со рок на траење од 01.2025 година, пренесе Дневник.хр.

Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а дистрибутер за Хрватска е Nestle Adriatic д.о.о. од Загреб.

Наполитанките „Кит Кат мини“ повлечени од пазарот во Хрватска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот