Баба на улица фати огромна кобра, нејзината реакција стана хит на интернет (ВИДЕО)

принтскрин

Една баба од Индија стана хит на интернет откако на социјалните мрежи се прошири видеото на кое таа ја фаќа кобрата за опашка и со одлучни чекори ја влече подалеку од децата кои играа на улицата.

Видеото на Твитер го сподели Сусанта Нанда, вработен во „Indian Forrest Service“, кој наведе дека станува збор за кобра.

„Бабо, ова не е начин да се ослободиш од кобра“, напиша тој покрај видето.

Снимката започна брзо да се споделува на социјалните мрежи, некои и завидуваат на храброста, а некои пак заклучија дека е добро што бабата се уште е жива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот