„Баба ми е заробена во зградата“: Турските ѕвезди се огласија за земјотресот, бараат помош

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди јужна Турција и беше почувствуван во голем дел од земјата како и во неколку земји во регионот, вклучително и соседна Сирија. Во тек е голема спасувачка операција. Расте бројот на повредени и мртви во разорниот земјотрес.

За разорниот земјотрес се огласија бројни турски ѕвезди. Актерката Седа Бакан на Инстаграм напиша: „Се разбудивме со многу лоши вести. На сите им посакувам брзо закрепнување“.

Актерката Мелиса Памук преку Твитер побара помош за нејзината баба и тетка.

„Баба ми не може да оди, болна е… Баба ми и тетка ми се заробени во зградата. Не знаеме во каква состојба е станот, има ли некој во околината да помогне? 75. Булевар Јил бр.10 Џем апт 4 кат, Антакија“, напиша таа на Твитер.

Актерката Туба Бујукустун бара помош од луѓе од други земји: „Турција прогласи состојба на тревога на ниво четири. ‘Ниво 4’ вклучува повик и за меѓународна помош. За оние ширум светот кои ја читаат оваа порака… Нашиот народ, кој се најде под урнатините поради земјотресот во мојата земја, бара ваша помош за да се спасат“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Актерот Бурак Озчивит, познат како Бали-бег, ѝ посака на својата земја брзо закрепнување. „Го молиме Бога за милост за нашето население кое ги загуби животите во оваа катастрофа. Моето сочувство до нивните семејства и најблиските, а на повредените им посакувам брзо закрепнување“, рече тој.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Актерката Демет Оздемир рече: „Се разбудив со страшен потрес. На сите им посакувам брзо закрепнување. Каква катастрофа на овој студ“.

На своите следбеници им се обрати и Елчин Сангу. „Длабоко сме тажни поради земјотресот што се случи во нашата земја. Се молиме за оние кои ги загубија животите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување“, напиша таа на Инстаграм.

Меѓу другото, турските ѕвезди оставаат и информации и броеви на кои погоденото население може да се обрати за помош.

ВИДЕО | Пистата на аеродромот во Хатај буквално преполовена по страшниот земјотрес

Македонија ќе испрати помош во Турција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот