Австриски новинар откри што било договорено меѓу Димитров, Османи и Захариева во Берлин

Австрискиот новинар Кристијан Фердинанд на својот Фејсбук профил го објави нон-пејперот, што било договорено на средбата изминатата недела во Берлин меѓу министрите Никола Димитров, Бујар Османи и Екатерина Захариева.

Еве што пишува во него:

– Бугарија ќе ја одобри преговарачката рака за Македонија и ќе се согласи да се одржи првата меѓувладина конференција. во декември 2020 година.

– При одржување на прва меѓувладина конференција, Македонија официјално пред членките на Европската унија и институции ќе изјави дека краткото име, Северна Македонија се однесува исклучиво на политичкиот ентитет Република Северна Македонија.

– Бугарија го задржува правото, во унилатерална изјава која ќе биде анекс на преговарачката рамка, да објави дека македонски јазик го подразбира македонски јазик во согласност со Уставот на Северна Македонија.

-Бугарија и Македонија ја потврдуваат подготвеноста да ја интензивираат својата блиска билатерална соработка на темелите на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, со посебен акцент на работка на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, што треба да се интензивира и да станат потранспарентни, вклучително и со објавување на постигнатите резултати. Германија изразува подготвеност да ја поддржи работата на Комисијата со споделување на најдобрите практики за методите на работа.

-Бугарија и Македонија официјално ќе го потврдат членот 11 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, вклучително и малцинските прашања и повторно ќе се обврзат да преземат ефикасни мерки за спречување на ненамерната пропаганда од институциите и агенциите и да ги обесхрабрат активностите на приватните субјекти насочени кон поттикнување на насилство, омраза и други слични активности што можат да бидат штетни за нивните односи.

-Бугарија, Македонија и Германија ја нагласуваат важноста на поврзаноста и инфраструктурата, особено железничката и патната врска што се одвива од Драч преку Скопје до Софија и Варна. Тие ќе ги поддржат приоритетите на Коридорот VIII во рамките на Економскиот и инвестициски план на Комисијата на ЕУ за Западен Балкан.

-Бугарија и Македонија се согласуваат околу важноста за поттикнување на добрососедските односи на сите нивоа, вклучително и преку размена на млади, и размислуваат да започнат заеднички проект за размена на младите, додека заеднички ќе ги испитаат понатамошните можни области за соработка за поттикнување на меѓусебното разбирање и интензивирање на билатералните контакти, вклучително и проекти за размена на медиуми и збратимување на градови.

-Бугарија, Македонија и Германија остануваат загрижени за тешката состојба предизвикана од пандемијата, нагласуваат дека тесната соработка меѓу соседите во рамките на ЕУ и ЕУ со земјите од Западен Балкан е клучна за заедничко надминување на кризата што го доведува во опасност нашиот просперитет, социјалната кохезија и стабилност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот