Австриската полиција уапси српски и хрватски фудбалери поради местенки

Австриската полиција во акција упаси фудбалери/ фото: EPA/ROLAND SCHLAGER

Девет фудбалери се уапсени во акцијата на австриската полиција поради сомневање дека учествувале во местење на натпревари.

Уапсените се фудбалери што настапувале во третата лига, а најголем дел од нив се играчи кои потекнуваат од Хрватска и Србија и тоа Марјан Бркиќ, Роберт Брецун, Ратко Буљиќ, Милош Грциќ, Дејан Нешовиќ и Дејан Ќосиќ. Останатите тројца што се приведени се Австријците Филип Петерман, Бартоломеј Куру и Андреас Страпајевич.

Полицијата им упаднала во домовите и им запленила мобилни телефони, компјутери и одредена сума на пари. Истрагата е покрената поради сомневања во местенки на натпревари што се играле во ноември минатата година и тоа откако полицијата била алармирана од комјутерски експерти што го следат обложувањето и резултатите во пониските австриски лиги.

– Највредното нешто во спортот е фер-плејот. Не е важно за кој ранг на натпреварување станува збор и токму затоа одлучивме да ги испитаме случувањата во третата лига и следењето на натпреварите и обложуањето да му го препуштиме на „Спорт радар“. Тие ни укажаа на сомнителните натпревари и резултати – изјави Герхарт Милетич, претседател на Фудбалската федерација на Австрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот