Австрија шокирана: Негуватели во дом за стари лица малтретирале и сексуално злоупотребувале пензионери

Стари лица / Фото: Marina Kovacevic / Alamy / Alamy / Profimedia

Австриските власти истражуваат злоупотреба на луѓе во дом за стари и немоќни лица во Долна Австрија.

Од пролетта оваа година, австриските власти ги истражуваат наводите дека четворица вработени ги мачеле и сексуално ги злоупотребувале луѓето во домот за стари и изнемоштени лица во Зиценберг-Редлинг.

Досега четворица осомничени – три жени и еден маж на возраст од 30 до 45 години, се бранеле со молчење, а нивниот адвокат побара да се прекине постапката. Сепак, дневниот весник Куриер сега објави вознемирувачки фотографии кои дополнително ги компромитираат осомничените.

Фотографиите кои се појавиле на апликацијата ВатсАп му се предадени на јавниот обвинител, а компанијата „СенеКура“, која е сопственик на домот, ветува „максимална транспарентност“.

Првите обвинувања за несоодветно и навредливо постапување со жителите на домот станаа познати на крајот на март 2021 година, објави ОРФ.

„СенеКура“ брзо реагираше и веднаш поднесе пријава во полиција и започна внатрешна истрага, чии резултати беа испратени до јавниот обвинител. Четири негувателки потоа биле „итно отпуштени“

Државното обвинителство веќе неколку месеци ја истражува, како што наведоа, тортурата или занемарувањето и сексуалната злоупотреба на беспомошни лица. Колку жители на домот биле погодени од тоа, засега не е познато.

Австриските медиуми јавуваат дека негувателките им одрекувале храна на старите лица во домот, им давале апчиња за да ги заспијат за да не се справуваат со нив, ги навредувале и им викале. Детали за сомнителна сексуална злоупотреба не се објавени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот