Проф. Трајко Славески/фотографија: „Слободен печат“/ Слободан Џуриќ

АВМУ реагира на односот на гувернерот Славески – новинарските прашања не смеат да се третираат како напад

Новинарските прашања претставуваат составен дел од демократскиот процес и не смеат да се третираат како напад, ниту пак новинарите смеат да се дискредитираат поради извршување на своите професионални обврски.

Во врска со реакцијата на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на новинарско прашање поставено од новинар на ТВ Канал 5 за време на јавен настан наменет за медиумите, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува дека во комуникацијата со медиумите неопходно е почитување на професионалните стандарди.

Оттаму велат дека новинарските прашања претставуваат составен дел од демократскиот процес и не смеат да се третираат како напад, ниту пак новинарите смеат да се дискредитираат поради извршување на своите професионални обврски.

„Носителите на јавни функции имаат обврска да демонстрираат високо ниво на политичка култура, одговорност и професионалност, со што придонесуваат кон зајакнување на довербата на граѓаните и медиумите во институциите. Ова е особено значајно имајќи ја предвид нивната улога во обезбедувањето транспарентност и отчетност кон јавноста“, се вели во реакцијата.

Агенцијата апелира до сите јавни функционери да покажат соодветна почит кон медиумските професионалци и да вложат максимални напори за обезбедување услови за достоинствено, слободно и непречено извршување на нивната работа.

Славески упати дисквалификации наместо одговори кон новинарите на ТВ Канал 5, реагираат ЗНМ и ССНМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот