Авион за обука на грчкото воено воздухопловство се урна кај Каламата

фото МИА

Авион за обука на грчкото воено воздухопловство се урна претпладнево во близина на воениот аеродром во грчкиот град Каламата.

Портпаролот на военото воздухопловство на Грција соопшти дека во 11.28 часот авион од типот Τ-2 Buckeye, што изведувал тренинг лет се урна при враќањето, на половина наутичка милја северозападно од аеродромот и во тек е операција за пребарување и спасување.

Во однос на тоа колку лица се превезувале, засега нема официјални информации, а според грчката телевизија ЕРТ во авионот бил само еден пилот.

Станува збор за авион од типот Τ-2 Buckeye со две седишта што се користи за обука на пилоти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот