АВ Охрид ги промовира засилувањата

Екипата на КК АВ Охрид ги промориваше засилувањата за следната сезона во која се надевам дека ќе има позначајна улога. Охриѓани за неполна недела успеаја да ангажираат дури четири засилувања. Марјан Младеновиќ, Војче Лефковски, Адем Мекиќ, Игор Пенов и Данило Мијатовиќ.

Новиот тренер на АВ Охрид, Марјан Илиевски се одлучи во тимот да има добро познати лица и затоа ги доведе Младеновиќ, Лефкоски и Мијатовиќ кои минатата сезона играа под водство на Илиевски во Блокотехна.
Од екипата на Куманово во АВ Охрид во пакет дојдоа Пенов и Адем Мекиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот