АУДИО | Сопругата на починатиот пациент на Кардиохирургија: Дали имаме министер за здравство и што би направил тој во мојата ситуација?

Горица Ангелковска, сопруга на 57-годишниот Тони Ангелковски кој почина на Клиниката за кардиохирургија пред два дена, откако не му била направена операција за пукната аорта, за „Слободен печат“ вели дека на државна Кардиохирургија ѝ кажале дека не можат да му направат операција на нејзиниот сопруг, затоа што немале услови, операциона сала и апарати.

Целиот разговор со Ангелковска може да го слушнете во продолжение. Таа бара здравствените власти да ја повикаат на разговор или да ја посетат.

 

Ова е најголем срам. Ни од министер не се плашам веќе. Моите деца останаа така. Нека се појави некој, нека се јави и нека дојде да разговара со мене. Не се плашам, премногу ме боли заради децата. Немаат апарати и салата не им работи, нели е малку срамно?  Нека излезе министер и нека ми каже кој човек со обична плата, има пари за приватна болница. Да ми кажат дека немаат услови за да го оперираат нели е малку срамно?, прашува таа.

СКАНДАЛ: Кој ќе одговара што пациент почина на Кардиохирургија со пукната аорта, без да биде опериран?!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот