Аудио цеде како сеќавање на Борис Трајковски и посвета на Искра Чоловиќ

Насловна корица на изданието „Господ да ја благослови Македонија“

Најновото аудио цеде на новинарите на Македонското радио – Радио Скопје Свето Стаменов и Билјана Таневска Спировска, кое деновиве официјално беше објавено, е со наслов „Господ да ја благослови Македонија“.

Изданието ја содржи специјалната емисија „Господ да ја благослови Македонија“, што беше емитувана на програмата на Македонското радио – Радио Скопје на 26 февруари годинава, по повод дваесетгодишнината од загинувањето на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски.

Емисијата, која трае 90 минути и која авторите ѝ ја посветија на својата колешка Искра Чоловиќ, доајен на македонското радио-спикерство, новинар и познат македонски публицист, која ненадејно почина на 14 декември 2023 година, содржи автентични аудиоснимки од говорите на претседателот Трајковски, искази и сеќавања на неговите најблиски соработници и пријатели, како и оригинални новинарски извештаи за загинувањето и погребот на претседателот Трајковски, емитувани во централната информативна емисија „Пладневен радиовесник“ на Македонското радио – Радио Скопје на 26 февруари, 3 и 5 март 2004 година.

Аудиодизајнот на емисијата е на Бесим Кека и Тони Цаневски, а спикери се Искра Чоловиќ и Анета Трпевска.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 226, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 13-14.4.2024)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот