Атрактивна Босанка уапсена поради шверц на 400 килограми „мета“

фото: Фејсбук

Девојка родена во Сиднеј, по потекло од Босна и Херцеговина, ќе ја помине новогодишната ноќ зад решетки под сомнение за вмешаност во организираниот увоз на дрога скриена во шишиња со чили.

Босанката Алесија Врачар е обвинета за низа прекршоци, откако детективите во нејзиниот стан во Сиднеј пронајдоа и одземале огнено оружје, 650.000 американски долари во готово, два килограми екстази, 250 грама кокаин, 340 грама канабис, мобилни телефони, СИМ картички, додатоци за дрога и лажни документи, јавуваат австралиските медиуми.

Потрагата по нејзиниот стан е дел од истрагата за увоз на метиламфетамин скриен во шишиња чили, кој што беше пресретнат од австралиските гранични едници при пристигнувањето во теренскиот склад во Сиднеј.

Полицијата соопшти дека пратката од САД содржела 768 шишиња сос, а тестирањето покажало присуство на метиламфетамин во шишето, познато и како „дрога-мраз“.

Прелиминарна форензичка анализа открила дека шишињата содржат приближно 400 килограми метиламфетамин, со проценета улична вредност од повеќе од 300 милиони американски долари.

Во заедничката акција на полициските агенции, се уапсени и обвинети и четворица мажи и сега 24-годишната жена која користела лажен идентитите за основање на четири бизниси за помош во трговијата со дрога.

Алесија Врачар е обвинета за повеќе точки и е одбиена кауција. Предвидено е таа да се појави во локалниот суд во Парамати на 30 јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот