Атлетико го најде лекот за Ливерпул, Халанд е вистинско фудбалско чудо

твитер

Во првите осминафинални натпревари во Лигата на шампионите, два неочекувани резултати.

Елиминациската фаза во елитното клупско натпреварување започна со два неочекувани резултати, европскиот шампион Ливерпул загуби во првиот осминафинален натпревар од Атлетико Мадрид со минимални 1:0, додека Ерлинг Халанд продолжи со фантастичните игри е и најзаслужен за поразот на ПСЖ.


Атлетико Мадрид одлично го отвори натпреварот, Саул Нигуез уште во четвртата минута го совлада Алисон, а на крајот се покажа дека тоа беше единствен гол на натпреварот.

твитер

Ливерпул во продолжение од натпреварот ја имаше иницијативата но не успеа да пронајде начин да го совлада Јан Облак.

Ерлинг Халанд каде што застана со Салзбург продолжи и во дресот на Борусија Дортмунд. Младиот Норвежанец ги постигна двата гола за „милионерите“ кои приредија вистинско изненадување и со 2:1 го совладаа ПСЖ.

Мрежите мируваа во првото полувреме, за во второто за само осум минути да паднат три гола. Прво Халанд во 69. минута донесе предност за Борусија, потоа Нејмар во 75. минута погоди за ПСЖ. Радоста на французите за израмнувачкиот гол траеше само две минути, повторно Халанд погоди за триумф на Борусија Дортмунд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот