Атентаторот на Прилепин: Работев по наредба на украинските специјални служби

Човекот кој е осомничен за обид за атентат врз рускиот писател Захар Прилепин, беше уапсен рано утрово. Тој на сослушувањето признал дека работел по наредба на украинските специјални служби, соопшти Истражниот комитет.

Осомничениот Александар Пермјаков изјави и дека под автомобилот ставил експлозив и дека го активирал од далечина.

Потоа се сокрил од местото на настанот, но бил фатен кога излегувал од шумата во друга населба. Истражниот комитет претходно денеска овој чин го окарактеризира како терористички напад.

Рускиот писател Прилепин е ранет во експлозија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот