Астронаут советува како да се преживее изолацијата: Вежбајте, гледајте телевизија и многу да спиете

Фото: Профимедиа

Тој советува, при присилна изолација, да се држиме до распоред на активности, да се води дневник, да гледаме телевизија и да спиеме многу.

Американскиот астронаут Скот Кели, кој помина речиси една година во Меѓународната вселенска станица како дел од мисија, советува како луѓето можат да ја преживеат социјалната изолација која е наметната кај повеќе од една милијарда луѓе во светот поради пандемијата на коронавирус, објави „Дејли Меил”.

Пензионираниот астронаут на НАСА во една статија во весникот „Њујорк Тајмс” вели дека најдобрата контраиндикција на изолацијата е „излегувањето”. Токму тоа и глетката на природата најмногу му недостигале за време на неговата вселенска мисија.

Тој советува, при присилна изолација, да се држиме до распоред на активности, да се води дневник, да гледаме телевизија и да спиеме многу.

– Не треба да тренирате два и пол часа на ден, како што бараат астронаутите, но не е лошо да се вежба барем еднаш дневно, препорачува Кели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот