Астро-аларм за петок 13. : Овие 4 знака се на „удар“, еве на што треба да внимавате
Петок 13. отсекогаш се сметал за мистериозен и малку непријатен датум, а некои астролози веруваат дека 13 март 2026 година може да биде особено напнат ден. Причината ја гледаат во комбинацијата на неколку планетарни движења кои се случуваат истовремено.
Препорачано
Ретроградниот Меркур во знакот Риби, заедно со Марс кој е поврзан со Северниот месечев јазол и присуството на Сатурн, создава енергија која може да донесе повеќе недоразбирања, одложувања и чувство на притисок отколку вообичаено. Меркур е планета на комуникацијата, технологијата и информациите, а кога е ретрограден често носи враќање на стари проблеми, погрешно разбрани пораки и ситни компликации во секојдневните планови.
Овој влијание можат да го почувствуваат сите знаци на зодијакот, но астролозите сметаат дека четири знака би можеле да бидат посебно чувствителни на оваа енергија.
За Рибите, овој период може да биде емотивно интензивен бидејќи најголемиот дел од планетарните движења се одвиваат во нивниот знак. Многу припадници на овој знак можат да почувствуваат внатрешна напнатост или конфузија, како да не им се сосема јасни мислите. Затоа се советува да избегнуваат големи одлуки и да го поминат денот во помирен ритам, далеку од стрес и конфликти.

Близнаците може да забележат повеќе недоразбирања во комуникацијата отколку обично. Бидејќи Меркур е нивен владетел, ретроградниот период често им носи промени во плановите, нејасни пораки или технички проблеми. Важно е да бидат трпеливи и да ја проверуваат секоја информација двапати пред да реагираат или донесат заклучоци.
За Девиците, кои сакаат ред и јасни планови, овој период може да биде малку фрустрирачки. Енергијата на Рибите носи непредвидливост и емотивна напнатост, што е спротивно на нивната потреба за контрола. Девиците можат да имаат чувство дека работите не одат онака како што планирале, па најдобро е да го намалат темпото и да не се оптоваруваат со ситни проблеми.
Ниту Стрелците нема да останат целосно поштедени. Нивната природна желба за спонтани одлуки може да ги наведе на брзи потези, особено кога станува збор за работа или финансии. Астролозите советуваат тој ден да се успорат и добро да размислат пред да донесат важна одлука.
Остатокот од знаците веројатно нема да почувствуваат толку голем притисок, но ретроградниот Меркур може да донесе помали недоразбирања или одложување на плановите. Затоа се препорачува внимателност во комуникацијата и избегнување на нагли реакции.
Во суштина, астролозите порачаа дека овој петок не е најдобар момент за големи потези. Многу е подобро да се завршат рутинските обврски, да се проверуваат информациите повеќепати и да се почека енергијата повторно да стане стабилна. Понекогаш во вакви периоди најпаметно е едноставно да се успори и да не се форсираат работите.


