Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Артета: Навивачите можат слободно да нè критикуваат колку сакаат

Менаџерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, изјави дека е разочаран од нерешениот резултат со Вулверхемптон и призна дека неговиот тим не играл на потребното ниво. Играчите на Арсенал ремизираа 2:2 синоќа во натпреварот од 31 коло од Премиер лигата.

„Навивачите можат слободно да нè критикуваат колку сакаат затоа што не игравме на потребното ниво. Што и да кажат, можеби е вистина затоа што не го направивме она што мораше. Денес мора да прифатите секое прашање, критика и мислење. Тоа е исто така комплимент за Вулверхемптон, кој не смее да се потцени“, рече Артета по натпреварот.

Арсенал е сè уште на врвот на табелата во Премиер лигата со 58 бода, додека Вулверхемптон е на дното со 10.

„Секако, многу сме разочарани од резултатот и од начинот на кој заврши натпреварот, но сè е наша вина. Во второто полувреме не го покажавме стандардот што ни е потребен за да победиме во оваа лига“, беа зборовите на Артета.

Арсенал ќе биде домаќин на Тотенхем во недела во рамките на 27 коло од Премиер лигата.

ВИДЕО: Кикс на Арсенал во Премиер лигата, испушти два гола предност против последниот тим на табелата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот