Артан Груби се предава на граничниот премин „Блаце“ / Фото: скриншот

Артан Груби сè уште не е повикан на распит во Обвинителството, открива Савески

Поранешниот вицепремиер Артан Груби сè уште не бил повикан на распит во надлежното обвинителство како осомничен за случајот „Лотарија“, откри републичкиот јавен обвинител Ненад Савески во интервју за неделникот „Фокус“.

На прашањето дали Груби е повикан на распит и дали, освен за случајот „Лотарија“, зборувал за други случаи, бидејќи во јавноста се шпекулира дека тој има докази што би отвориле нови истраги, Савески одговара:

„Истрагата е во тек и во предметот се преземаат дејствија. Шпекулациите на јавноста стигнуваат и до мене, но до овој момент не се основани, бидејќи поранешниот вицепремиер сè уште не дал исказ во обвинителството. Кога ќе даде исказ, тоа ќе биде, пред сè, во однос на дејствијата што му се ставаат на товар. Инаку, секој што располага со какви било докази за какви било кривични дела има обврска да ги достави до надлежните органи. Тоа важи и за господинот Груби, а доколку такви докази бидат доставени, надлежното јавно обвинителство ќе постапи.“

Груби е во домашен притвор откако се предаде пред три месеци на граничниот премин „Блаце“, откако избега од државата и беше во бегство повеќе од една година.

Тој е осомничен за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и поранешниот директор на Лотарија, Прпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера тешка околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ-апарати.

Мицкоски и Фројд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот