Арсовска ја назначи Бујаре Абази за заменик-градоначалничка

Данела Арсовска и Бујаре Абази
Данела Арсовска и Бујаре Абази / Фото: Фејсбук, Данела Арсовска

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ја назначи Бујаре Абази за нова заменик-градоначалничка на Скопје.

Како што информираа од Град Скопје, Арсовска денеска свечено ѝ го врачила решението, при што на средбата со Абази дискутирале за идната соработка и за предизвиците со кои се соочува Градот.

Бујаре Абази е дипломиран инженер на Факултетот за комуникациски науки во Загреб, а има и дополнително високо образование како дипломиран економист.

Абази е избрана за член на Советот на Град Скопје на локалните избори што се одржаа во октомври 2021 година.

Арсовска сѐ уште не се сретнала со ЕБОР за БРТ превозот

Видео на денот