Арсенал повторно ќе купува од Сити, на „Емирати“ доаѓа и Зинченко

Олександр Зинченко шест години го носи дресот на Манчестер сити/фото: EPA-EFE/VINCENT MIGNOTT

Управата на Арсенал е една од најактивните во летниот преоден рок, донесе четири засилувања од кои најзвучно и  тоа на Габриел Жесус од Манчестер Сити, а сега се наоѓаат пред реализација на уште еден трансфер од редовите на англискиот шампион.

Англиските медиуми пишуваат дека Арсенал работи на трансферот на Олександр Зинченко од Манчестер сити и наводно веќе е постигнат договор меѓу двата клуба.

Арсенал се согласил да му исплати на Сити 30 милиони фунти отштета, а се очекува наскоро да седне на маса со агентите на фудбалерот.

Преговорите би требало да завршат успешно бидејќи самиот Зинченко е незадоволен од минутажата што ја добиваше од Пеп Гвардиола минатата сезона во која одигра само 28 натпревари во сите натпреварувања.

Зинченко е член на Манчестер сити уште од 2016 година кога дојде како 20-годишен играч и досега за граѓаните одигра 128 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот