Фото: EPA/NEIL HALL

Арсенал ја „украде“ големата желба на Тотенхем, „топчиите“ летово ќе потрошат 250 милиони фунти

Иако долго време изгледаше дека Тотенхем е најблиску до неговиот потпис, Еберечи Езе, најдобриот фудбалер на Кристал палас, сепак ќе ја продолжи кариерата во Арсенал.

„Топчиите“ неочекувано се вклучија во трката за англискиот репрезентативец само два дена претходно, откако беше потврдено дека Каи Хаверц ќе биде надвор од терените подолго време поради повреда. Арсенал веднаш испрати конкретна понуда, која беше прифатена и изнесуваше 60 милиони фунти за услугите на Езе, кој важи за еден од најкреативните играчи во Премиер лигата.

Со неговиот ангажман, Арсенал ја засилува амбицијата да стави крај на 20-годишниот пост без титула во англиската елита. Езе ќе биде седмо летно засилување на тимот од „Емирати“, по доаѓањето на Кепа, Зубименди, Норгард, Мадуеке, Москвера и Ѓокереш.

Со трансферот на Езе, вкупната инвестиција на Арсенал ова лето се искачува на речиси 250 милиони фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот