„Арс Ламина“ ја промовираше книгата „Македонски визуелен идентитет“ од Гордана Вренцоска

Фокусот на книгата „Македонски визуелен идентитет“ од Гордана Вренцоска е посочен во поднасловот „Дизајнот како можност за еволуција на традициите од визуелното културно наследство“. Книгата е објавена од „Арс ламина“ и имаше онлајн промоција на 23 март. Идејата за истражување на оваа тема Вренцоска ја добила со нејзиното студирање во Велика Британија.

– Ќе го парафразирам Џорџ Орвел, кој вели дека само тогаш кога ќе се изложите себеси на поразлична култура од вашата, дури тогаш почнувате да ги сфаќате и сопствените убедувања… Како уметник и дизајнер сакав да истражам и да најдам начини како нашата држава да ги искористи своите културни вредности и вековни традиции и на современ начин да ги пренесе во овој глобален свет. Како оваа мала, но интересна држава, да ја направиме компетитивна во денешниот свет – истакнува Вренцоска.

Гордана Вренцоска дипломирала на ФЛУ при УКИМ, на отсекот сликарство со модно креирање. Интердисциплинарните магистерски студии по дизајн ги завршила на колеџот за уметност и дизајн „Централ Сент Мартинс“ во Лондон, како стипендист на престижната британска програма „Чивнинг“. Докторската теза ја одбранила на Институтот за фолклор во Скопје, под менторство на проф. д-р Антоанела Петковска. Реализирала 14 самостојни изложби и учествувала во многубројни групни изложби. Во моментов работи како редовен професор по визуелна уметност и дизајн на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет во Скопје, каде што ја извршува и функцијата декан.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 74, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 27-28 март 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот