Сцена од „Breaking Bad“ / Фото: Profimedia

Арон Пол: „Знаете колку пари добив од „Нетфликс“ за „Breaking Bad“? Нула!“

Актерот Арон Пол, ѕвездата на една од најдобрите телевизиски серии на сите времиња – „Breaking Bad“, изјави дека од компанијата „Нетфликс“ не му исплатиле ништо за емитувањето на таа серија на нивната платформа за филмови и серии.

„Не добивам ништо, што е, да бидам целосно искрен, лудо“, изјави тој за канадското издание на „Ентертејмент тунајт“.

На 29 август, Пол им се придружи на другите актери од серијата, вклучувајќи ги Брајан Кренстон и Џеси Племонс, во штрајкот на SAG-AFTRA пред студиото на „Сони пикчрс“ во Калвер Сити.

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Соработката помеѓу „Нетфликс“ и хит-серијата беше голема победа за двете страни – „Breaking Bad“ го прошири својот досег и популарност, а „Нетфликс“ го искористи тоа и воспостави подобра контрола врз Холивуд.

Покрај тоа, неодамнешните договори на „Нетфликс“, кои вклучуваат петгодишен договор со креаторот на серијата Винс Гилиган, ѝ овозможија на „Breaking Bad“ да остане релевантена за помладата публика.

„Сериите на такви стриминг платформи живеат вечно. Баш пред некој ден видов дека ‘Breaking Bad’ е во тренд на Нетфликс… И многу стримери (како Нетфликс) знаат како да се извлечат со тоа што со години не им плаќаат фер такси на луѓето, но сега е време за промени“, изјави Арон Пол.

Арон Пол и Брајан Кренстон, главните актери од „Breaking Bad“ / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN MONTERROSA

Арон Пол, кој освои три Еми награди за улогата на Џеси Пинкман во „Breaking Bad“, вели дека останува со надеж дека преговорите ќе се реализираат и дека актерите ќе добијат повеќе од стриминг.

„Не одиме никаде, па мора да направат нешто околу тоа. Се чувствувам многу оптимистично“, заклучи тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот