Арнаутовиќ: Мораме да внимаваме на Пандев!

Арнаутовиќ ги предупредува своите австриски репрезентативни колеги во пресрет на денешниот дуел да внимаваат на еден од најдобрите и најискусните во нашата селекција, напаѓачот Пандев.

– Се знаеме многу добро, драго ми е што повторно ќе се сретнеме. Тој има една многу добра кариера зад него и тој е клучен играч на македонската репрезентација. Мораме да внимаваме на Пандев – се зборовите на напаѓачот на Вест Хем, Арнаутовиќ.

Македонската А репрезентација денеска од 20.45 часот на Националната Арена „Тодор Проески“ против Австрија ќе го игра четвртиот натпревар од квалификациите за ЕП 2020.

Моментно на табелата води Полска со максимални девет бодови во квалификациската група Г пред Израел кој има седум, четири има Македонија, три Австрија, два Словенија, а без бодови е се уште Летонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот