Делси Родригез/Фото: EPA/RAYNER PENA R

Армијата на Венецуела ја поддржа Делси Родригез за привремена претседателка

Министерот за одбрана на Венецуела, Владимир Падрино Лопес, изјави дека војската ѝ дала поддршка на потпретседателката Делси Родригес да биде привремена претседателка на Венецуела. Таа беше поставена на функцијата од Врховниот суд по американската воена акција во која беа заробени претседателот Николас Мадуро и првата дама Силија Флорес, пишуваат странските медиуми.

„Војската го отфрла кукавичкото киднапирање на Мадуро и неговата сопруга по ладнокрвното убиство на голем дел од неговиот безбедносен тим, војници и невини цивили“, кажа Падрино во ТВ-обраќањето.

Тој го повика народот на Венецуела да им се врати на своите нормални активности.

Министерот за внатрешни работи Диосдадо Кабељо изјави дека Владата останува обединета зад Мадуро, кој е во притвор во Њујорк и утре првпат треба да се појави во суд.

„Единството на револуционерните сили е повеќе од загарантирано, а тука има само еден претседател, чие име е Николас Мадуро Морос. Никој не треба да падне на провокациите на непријателот“, изјави Кабељо.

Венецуела сѐ уште официјално не го објавила бројот на жртви во вчерашниот американски напад. Повикувајќи се на неименуван венецуелски функционер, „Њујорк тајмс“ објави дека загинале најмалку 40 луѓе, вклучувајќи цивили и припадници на вооружените сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот