Арми Хамер откри зошто се повлече од Инстаграм: „Моите пораки беа мрачно место, секојдневно добивав видеа со експлицитна содржина“
Актерот Арми Хамер откри зошто решил целосно да се повлече од Инстаграм, признавајќи дека немал доволно самоконтрола да се справи со содржината што ја добивал во приватните пораки.
Препорачано
Во разговор за поткастот „Панк рок соубер енд пејнфул лесонс“, Хамер изјави дека го избришал својот профил иако имал повеќе од еден милион следбеници. Наместо да жали за изгубената публика, тој признава дека најмногу размислувал за пораките што би продолжиле да пристигнуваат доколку профилот останел активен.
„Моите пораки беа мрачно место. За мене тоа беше чиста нечистотија“, изјави актерот, објаснувајќи дека секојдневно добивал стотици несакани видеа со експлицитна содржина од непознати луѓе.
Според него, токму тоа било причината поради која решил трајно да го избрише профилот, бидејќи не успевал да одолее на искушението повторно да го активира.
Хамер откри дека првично се обидел само да ја деактивира сметката, но секогаш се враќал.
„Немав доволно волја да издржам. Беше постојано“, рече тој.
Актерот во последната година постепено се враќа во јавноста по скандалот од 2021 година, кога беше обвинет за сексуална и емоционална злоупотреба. Тогаш во јавноста излегоа и пораки со контроверзна содржина, кои тој подоцна ги опиша како шеги напишани во алкохолизирана состојба. По обвинувањата, Хамер престојуваше во рехабилитациски центар поради проблеми со алкохол, дрога и зависност од секс.
Освен социјалните мрежи, тој донел одлука да го прекине и својот поткаст, кој го водеше извесен период. Како што објасни, разговор со лице од индустријата го натерал да се запраша дали тој проект му помага во кариерата.
По неколку дена, добил искрен одговор дека подкастот не само што не му помага, туку и му штети. Според таа проценка, неговото постојано присуство во јавноста преку подкастот правело луѓето да не почувствуваат „недостиг“ од него, додека отворените разговори за зависностите биле одбивни за дел од кастинг директорите.
Хамер призна дека токму тие причини биле клучни да го прекине проектот, во обид да го олесни својот пат кон враќање во актерската кариера.
Џони Деп се сели на село: Ова е причината зошто го замени Холивуд со тишината на руралниот Сасекс


