Аргентинската потпретседателка Кристина Киршнер нападната со пиштол, напаѓачот не пукал, но е уапсен

Аргентина Кристина Киршнер

Потпретседателката на Аргентина, Кристина Киршнер, вчера беше нападната со пиштол, но напаѓачот не пукал во неа и набрзо е уапсен.

Неколку телевизиски канали прикажаа снимка од напаѓачот како нишани по главата на Кирхнер додека таа излегуваше од автомобилот што ја донесе дома.

Напаѓачот не испука од пиштолот, а Киршнер остана неповредена.

Инцидентот се случи на влезот од нејзината куќа во Буенос Аирес, каде во последните денови се собираат стотици демонстранти за да и дадат поддршка на поранешната претседателка, која сега е среде судење за корупција.

Мажот беше во толпата луѓе кои чекаа да ја поздрават и од неа да побараат автограм за нејзината автобиографска книга.

Набргу по нападот, портпаролот на полицијата соопшти дека во близина на резиденцијата е уапсен вооружен маж, а „на неколку метри од местото на настанот е пронајдено оружје”. Тој исто така рече дека мажот би можел да има бразилско потекло.

Стотици активисти од минатата недела се собираат пред куќата на Кристина Киршнер (69), која е обвинета за измама и корупција во врска со доделувањето јавни договори во нејзиното упориште Санта Круз (на југот на земјката), за време на нејзините два претседателски мандати (2007 -2015 година).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот