Ардијан Нухиу повеќе не е тренер на ФК Шкендија

Ардијан Нухиу/фото: kfshkendija.com

Денеска фудбалскиот клуб Шкендија ја информираше јавноста дека Ардијан Нухиу повеќе не е тренер на екипата.

Ваквата одлука е донесена по внимателна проценка и отворен дијалог, по што соработката спогодбено беше прекината.

Клубот му се заблагодари на Нухиу за досегашниот придонес и со амбиции да продолжи со добри резултати и во вториот дел од сезоната.

Фудбалерите на Шкендија во последниот натпревар од есенскиот дел во Првата македонска лига триумфираа со 3:1 против Силекс.

Моментно тетовските „црвено-црни“ се на третата позиција со 35 бодови, зад водечката Струга (39) и второпласираниот Шкупи (35). Првиот меч ФК Шкендија во пролетниот дел од шампионатот ќе го има на гостински терен против Македонија ЃП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот