Фото: илустрација / Слободен печат / Драган Митрески

Арамии украле 72 метри кабел од пругата кај Мрзенци

Непознати крадци вчера пресекле и однеле 72 метри бакарен кабел од пругата Скопје-Гевгелија кај селото Мрзенци, загрозувајќи го железничкиот сообраќај, соопшти МВР.

„Вчера во 16:10 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во времето помеѓу 13:30 и 14:30 часот од железнички мост на Мрзенска река, на место викано „Авлаќ“, на кој се одвива железнички сообраќај, непознат сторител исекол и одзел два бакарни кабли во должина од 60 и 12 метри. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од полицијата.

Полицијата распиша потерница по тинејџерот кој прегази жена во Капиштец и избега во странство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот