Арамии краделе кабли од „Железара“ и оштетиле вреден електричен кабел – направиле штета од еден милион денари
Тројца арамии кои краделе кабли во кругот на фабриката „Железара“, биле фатени додека ги товарале во автомобилот. Крадејќи ги каблите оштетиле и вреден кабел од електрична инсталација, со што направиле штета од околу еден милион денари, соопшти обвинителството.
Препорачано
Тројцата се соочуваат со обвинение за тешка кражба.
„Во првите денови од март годинава, од кругот на фабриката „Железара“, обвинетите украле различни видови кабли вредни вкупно 196.500 денари, сопственост на правно лице од Кавадарци. При кражбата оштетиле и кабел кој бил дел од јавна електрична инсталација, вреден 800.000 денари. Кога ги натовариле каблите во автомобил и се обиделе да ги изнесат од кругот на фабриката, обвинетите биле откриени и лишени од слобода“, соопшти обвинителството.
Со поднесеното обвинение јавниот обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за еден од обвинетите, додека за останатите двајца на сила се мерки на претпазливост.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
14мин
-
27мин
-
34мин
-
42мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


