Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи / Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Арагчи: Трамп ги предаде дипломатијата и Американците што го избраа

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, упати остри напади врз американскиот претседател Доналд Трамп преку Икс, пренесува Анадолу.

„Кога сложените нуклеарни преговори се третираат како трансакција со недвижнини и кога големите лаги ја замаглуваат реалноста, нереалните очекувања никогаш не можат да се исполнат.Резултатот? Бомбардирање на преговарачката маса со злоба. Господинот Трамп ја предаде дипломатијата и Американците што го избраа“, напиша Арагчи.

Регионалните тензии ескалираа кога САД и Израел започнаа голем напад врз Иран во саботата, при што загинаа речиси 800 луѓе, вклучувајќи го и врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи.

Како одговор, Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, како и кон земјите од Персискиот Залив, каде што се наоѓаат американски средства.

Сателитски снимки откриваат: Иран го зајакнува подземниот комплекс покрај нуклеарна постројка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот