Апостолова по средбата со Курти: Сакаме продолжување на дијалогот со Србија
„Највисоките органи на ЕУ дадоа своја изјава за таксите. Мислиме дека со неа се прекршува меѓународната соработка, како таа на ЦЕФТА. Пративме писма. Сега очекуваме новата влада да излезе со идеја како ќе го третираат оваа прашање. Сакаме разговорите со Србија да продолжат. За нас важно е дијалогот да продлжи“, изјави Апостолова.
Шефицата на Канцеларијата на Европската Унија во Приштина, Наталија Апостолова, денеска се сретна со новиот косовски премиер Албин Курти. По средбата, таа изјави дека многу е важно тоа што се формира новата влада.
Таа додаде дека Европската Унија сака продолжување на дијалогот со Србија.
Препорачано
-Највисоките органи на ЕУ дадоа своја изјава за таксите. Мислиме дека со неа се прекршува меѓународната соработка, како таа на ЦЕФТА. Пративме писма. Сега очекуваме новата влада да излезе со идеја како ќе го третираат оваа прашање. Сакаме разговорите со Србија да продолжат. За нас важно е дијалогот да продлжи – изјави Апостолова.
Премиерот на Косово, Албин Курти, по средбата, изјави дека и опозицијата во Косово се за реципроцитет со Србија.
– И Демократскиот сојуз на Косово и госпоѓа Османи, и над 60 отсто од гласовите на Косово, беа за принципот на реципроцитет, верувам дека и тие што се во опозиција, може да не се согласуваат со мене за многу нешта, но за реципроцитетот потполно се согласуваат – изјави Курти.


