Aпликација ќе му кажува на вашиот шеф дали навистина работите од дома
Microsoft Teams воведува нова опција која автоматски ќе ја детектира работната локација на вработените преку Wi-Fi сигналот во канцеларијата и ќе ги проследи тие информации до работодавците. Оваа функција ќе започне да се воведува во декември 2025 година и ќе биде достапна за корисниците на Windows и macOS платформите.
Препорачано
Според информациите од „Microsoft 365 Roadmap“, системот автоматски ќе го промени статусот на работната локација штом уредот ќе се поврзе со корпоративната мрежа. Ова практично значи дека „Teams“ ќе можат да препознаат дали вработениот е физички во зградата на компанијата или работи од дома. За менаџментот, ова треба да го реши проблемот со конфузијата околу присуството, додека за вработените тоа значи крај на целосната приватност при работа од далечина- објави Каматица.
Во моментов, во Teams, постои опција за рачно поставување на работната локација, но новата функција целосно ќе го автоматизира тој процес. Кога уредот ќе детектира позната Wi-Fi мрежа, системот автоматски ќе ја постави ознаката за локација, без потреба од интервенција на корисникот. Microsoft објави дека оваа функција ќе биде исклучена по дифолт. Сепак, администраторите на компанијата ќе имаат моќ да ја активираат и да бараат од вработените да дадат согласност за следење. Ова значи дека конечната одлука за користење на оваа опција зависи исклучиво од политиката на секоја компанија. Доколку ИТ секторот ја овозможи опцијата, апликацијата ќе знае точно каде се наоѓа вработениот.
Иако деталите за внатрешното работење не се целосно познати, се верува дека „Teams“ користи комбинација од IP адресата и MAC адресата на рутерот за автентикација на мрежата. Ова ефикасно спречува обиди за измама, како што е преименување на домашната мрежа во името на Wi-Fi сигналот во канцеларијата, што беше вообичаен трик што го користеа вработените во компании како „Амазон“ по пандемијата. Со оглед на најавениот метод за верификација, јасно е дека едноставните измами со лажни SSID имиња нема да бидат можни. Microsoft воведува напредна проверка што потврдува дека уредот е физички поврзан со внатрешната мрежа на компанијата.


