М-НАВ/ Фото: Архива на Слободен печат

Апелација ја поништи забраната, контролорите на летање смеат да штрајкуваат

Апелациониот суд Скопје ја укина одлуката на Граѓанскиот суд, со која зад затворени врати беше забранет штрајкот на контролорите на летање во државното претпријатие М-НАВ. Со ваквата одлука, Синдикатот на контролорите на летање повторно може веднаш да го реализира штрајкот, првично закажан за 20 октомври, меѓу двата изборни круга на локалните избори.

Штрајкот на контролата на летање беше незаконски, Судот донесе правилна одлука- вели адвокатот на М-НАВ

Апелација, како што објави Сакам да кажам, оцени дека првостепената судијка Сашка Трајковска незаконски одредила времена мерка „забрана за штрајк“, иако тоа не било побарано со тужбата на менаџментот на М-НАВ. Тројца апелациони судии утврдиле повреда на член 2 од Законот за парнична постапка и предметот го вратија на повторно судење.

Од Синдикатот велат дека ваквата забрана била обид да се спречи штрајкот во чувствителен политички момент. Тие тврдат дека Граѓанскиот суд постапил без расправа и без да им даде можност да ги презентираат своите аргументи, иако подготвиле над 40 документи како доказ дека ги испочитувале сите законски процедури, вклучително и процесот на помирување и спогодбата од 2023 година, која според нив новото раководство на М-НАВ не ја спроведува.

Повторната расправа во Граѓанскиот суд е закажана за средината на месецов, а Апелација наложи да се почитуваат сите нејзини упатства. Синдикатот најавува дека ќе ги изнесе сите докази за кршење на работничките права и условите во кои работат контролорите, вклучително и застарената опрема и нерешените кадровски проблеми.

Директорите на М-НАВ реагираат за „затворањето на небото“ на 20 и 24 октомври

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот