Апасиев и Мециновиќ отишле кај кубанската амбасадорка во Софија
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев и пратеникот од оваа партија, Амар Мециновиќ, ја посетиле амбасадата на Куба во Бугарија и се сретнале со амбасадорката Мариета Гарсија, соопшти Левица. Апасиев и Мециновиќ ја изразиле „нашата цврста и недвосмислена солидарност со народот на Куба, кој со децении се соочува со неправедна, незаконска, нехумана и злосторничка економска блокада, велат од партијата.
Препорачано
„Блокадата е систем на колективно казнување што го ограничува правото на развој, здравство, образование и достоинствен живот – само затоа што Кубанците не се откажуваат од својот суверенитет, како пример на империјалистички притисок врз една суверена држава која избрала свој пат. Покрај тоа, Куба останува симбол на отпор, достоинство и интернационална солидарност. Во најтешките моменти на глобалната пандемија, кога многу побогати и помоќни држави се повлекоа, Куба испрати медицински тимови, експертиза и поддршка низ целиот свет, вклучувајќи ја Македонија. Кубанските лекари, водени од идејата за хуманост, а не профит, беа таму каде што беше најпотребно. Тоа е вистинското лице на меѓународната солидарност и затоа не забораваме“, пишува во соопштението.
„Затоа денес, кога Куба се соочува со економски тешкотии и притисоци, наша обврска е да возвратиме со јасна политичка поддршка. Бараме укинување на блокадата и почитување на правото на Куба на самоопределување и развој без надворешни уцени. Бараме свет заснован на соработка, а не на доминација. И крајно, бараме македонското МНР да прекине да слугува на туѓи насилнички интереси и да го избере правецот на мирот на соработката“, додаваат од Левица.
Левица алармира за можна дубара со дигитални водомери во Тетово


