Антониа Гиговска напиша емотивна порака: Многу луѓе се среќни кога плачам (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Македонската пејачка Антониа Гиговска во последниов период не престанува да ја изненадува јавноста. Покрај тоа што ја промени бојата на косата во розова, таа се почесто открива и работи за кои досега не сме имале можност да ги слушнеме од неа.

Во последната објава на нејзиниот Инстаграм профил, Гиговска ги отвори картите на маса и сподели дека ништо не е совршено зад затворената врата. Во текстот како што вели таа, многу луѓе не ја сакаат и одвај чекаат да згреши негде за да напишат нешто лошо за неа.

– Многу луѓе се среќни кога плачам. Многу луѓе чекаат било каков момент да кажат или напишат нешто лошо за мене. Некогаш треба да си ја запознаете својата вредност. Само така ништо нема да ве допре – вели пејачката.

 

View this post on Instagram

 

pink print? @bursakbay @danielnikolovskiofficial1 @martintrajanovski @buzzsneakerstation

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa) on


Во денешното модерно време реткост е да се забележи потполната искреност кај јавните личности, особено кога станува збор за емоциите и предизвиците со кои се носат, а илузијата за совршенство без чувства не постои.

– И јас имам денови кога плачам. И јас имам чувство дека сите се против мене. И јас имам чувство дека што и да направам не ви се допаѓа. И јас имам чувства исто како и вас. И мене ме повредиле многу луѓе – пишува Гиговка.

Јавните личности се секогаш мета на коментари и осуди, па така и Антониа го почувствува тој товар на својот грб по неколкуте јавни појавувања, гостувања, но и фотографии кои не можеа, а да не поминат без негативни коментари за нејзиниот моден избор, килограмите или новата песна.

– Вчера бев ,,плава”. Денес розева. Утре ќе бидам зелена. Задутре црна. Негативни коментари има секој ден. Мојата боја на коса не му се допаѓа на секого, моите песни, текстови, мојот стајлинг, мојата килажа. Сега сум дебела, утре ќе бидам слаба. Ја прифаќам Антониа таква каква што е – раскажува искрено потенцирајќи на коментарите што ги добива на дневна база и додаде:

– Некогаш треба да си ја запознаете својата вредност. Само така ништо нема да ве допре. Така и мене. А можеби треба да го почуствувате тоа. Фала му на Господ, па имам сѐ што ми треба. Моите најблиски, тимот, љубов и вас фановите. Доволно е – стои во текстот на пејачката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот