Фото: KK Partizan

Антиќ: Обрадовиќ е тренер кој не толерира, а во Партизан многу толерираше

Македонската кошаркарска легенда Перо Антиќ, во интервју за „РТРС“ отворено зборуваше за заминувањето на Жељко Обрадовиќ од Партизан. Антиќ, кој со легендарниот стратег ја освои Евролигата во 2017 година со Фенербахче, вели дека заминувањето на најтрофејниот тренер во Европа е „голем удар за српската кошарка“.

„Овие играчи на Партизан не сфатија кој е Жоц. Треба да бидат среќни што го имаа. Жељко е човек од кого секогаш учиш.“, истакна Антиќ.

Тој откри дека Обрадовиќ долго толерирал ситуации кои во други клубови би ги решил веднаш:

„Жељко направи сè за да остане, трпеше многу, а јас го знам како човек кој не трпи. Но го разбирам – тој го сака Партизан.“

Според Антиќ, дел од играчите не ја разбрале тежината на дресот што го носат.

„Ако земаш 2,5 милиони по сезона, мора да го изораш паркетот. Имаат квалитет, но не знаеле каде доаѓаат и кој е Жељко – најдобриот тренер во Европа“ изјави Антиќ.

 

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот