Анкета: Повеќе од една третина од Американците се обиделе да го спречат вирусот со средства за чистење

Повеќе од третина од Американците користеле средства за чистење и средства за дезинфекција на и во нивните тела во обид да ја спречат инфекцијата со коронавирусот, покажала анкета спроведена непосредно откако претседателот Доналд Трамп јавно праша дали овие средства можат да помогнат во борбата со Ковид-19.

Центарот за контрола на болести и превенција ЦДЦ според резултатите од анкетата спроведена на 4 мај 2020 година на 502 лица, истакнал дека некои од најчесто пријавените високоризични постапки се вдишување или пиење на средства за чистење во домаќинството или средства за дезинфекција.

Кон крајот на април, Трамп на еден од своите јавни настапи ги запраша научниците дали користењето на средства за дезинфекција на лицата заразени со Ковид-19, може да помогне во лекувањето на болеста. Производителите на средства за чистење на домаќинствата тогаш беа принудени да ги предупредуваат луѓето да не пијат или да ги инјектираат своите производи, вели Ројтерс.

Околу 39% од испитаниците рекле дека тие свесно примениле барем една практика со висок ризик, која не е препорачана од ЦДЦ, за да ја спречат инфекција со коронавирус, вклучително и употреба на белило за чистење храна или спреј за дезинфекција. Четири проценти од испитаниците барале разредени раствори за белило, сапун или средства за дезинфекција.

Една четвртина од испитаниците се изјасниле дека минатиот месец имале најмалку еден негативен здравствен ефект, за кој веруваат дека е резултат на користење на овие производи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот