Анкета на ИПИС: Најмладите со најпозитивен став кон иницијативата „Отворен Балкан“

Од 1.112 испитаници, 63,3 проценти позитивно гледаат на иницијативата „Отворен Балкан“, во која членуваат Северна Македонија, Албанија и Србија, покажуваат податоците од анкетата на Институтот за политички истражувања-Скопје.

Споредбената анализа со анкетата на ИПИС од 2020 година покажува раст на довербата на граѓаните во „Отворен Балкан“, имајќи предвид дека тогаш позитивен став кон инцијативата имале 42,4 отсто од испитаниците, а негативен 39,9 проценти. Оваа година, само 15,9 отсто од анкетираните граѓани имаат негативен став кон „Отворен Балкан“.

Најпозитивен став кон оваа иницијатива имаат најмладите. Кај анкетираните на возраст под 30 години позитивно мислење за „Отворен Балкан“ имаат 70,9 проценти.

На прашањето со која земја во регионот имаме најдобри односи, 56,5 отсто од испитаниците ја посочиле Србија, а по неа следуваат Албанија со 11,3 проценти, Турција и Косово со по 3,3 отсто, Хрватска со 2,6, Словенија со 1,2, Грција со 1,1 и Бугарија со 0,9 проценти.

Од друга страна, како држава со која земјава има најлоши односи, 64,6 отсто од анкетираните ја посочиле Бугарија, а потоа следуваат Грција со 9,2, Албанија со 3,4, Србија со 2 и Косово со 1,2 проценти.

Истражувањето е спроведено за потребите на емисијата „Детектор“, а анкетата на ИПИС е спроведена телефонски во период од 2 до 6 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот