Анкета на ИПИС: Европскиот фронт со 35 пратеници во 4 изборни единици, а ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност на претседателските избори

Од досега објавените резултати, Европскиот фронт има водство во Изборната единица 6, каде што СДСМ, ДУИ, Алијанса за Албанците, ЛДП, ДОМ, ВМРО-Народна партија би освоиле 11 мандати, наспроти 3 на ВМРО-ДПМНЕ. Во Изборната единица 5, Европскиот фронт би освоил 10 мандати, наспроти 9 на ВМРО-ДПМНЕ, додека во изборните единици еден и два ВМРО-ДПМНЕ има предност.

Најновата анкета на Институтот за политички истражувања – Скопје која вчера беше презентирана во емисијата „Објектив“ на МРТ покажува дека Европскиот фронт предводен од СДСМ, од изборните единици 1, 2, 5 и 6 би освоил 35 пратенички места, наспроти ВМРО-ДПМНЕ кои би освоиле 29 пратенички места на парламентарните избори.

Анкетата е спроведена телефонски, во изборната единица 2 на 1002 испитаници, односно 1001 испитаник во изборната единица 6 со забележана грешка од плус минус три проценти.

Од досега објавените резултати, Европскиот фронт има водство во Изборната единица 6, каде што СДСМ, ДУИ, Алијанса за Албанците, ЛДП, ДОМ, ВМРО-Народна партија би освоиле 11 мандати, наспроти 3 на ВМРО-ДПМНЕ. Во Изборната единица 5, Европскиот фронт би освоил 10 мандати, наспроти 9 на ВМРО-ДПМНЕ, додека во изборните единици еден и два ВМРО-ДПМНЕ има предност.

Процентуално, според објавените резултати за шестата изборна единица, за ВМРО-ДПМНЕ се одлучиле 8,1%, за ДУИ 17,9%, за Европски сојуз за промени 16%, за Алијанса 7%, за СДСМ 4,4%, Левица 0,7%, ЗНАМ 0,6%, не знам 6%, не сакам да кажам 17,6%.

На прашањето за која партија ќе гласате на претстојните парламентарни избори, во изборната единица 6 кандидатот на ДУИ би освоил 17,6 проценти од испитаниците, додека кандидатот на Европскиот сојуз за промени би освоил 16,2 отсто. Од македонскиот блок најголема поддршка има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, односно 7,4 проценти од анкетираните граѓани одговориле дека ќе гласаат за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, наспроти СДСМ која има 3,8 отсто, додека за кандидатот на АА би гласале 6,4 проценти. За Левица и ЗНАМ би гласале 1 процент, додека 10, 7 отсто сметаат дека нема да победи ниту една партија.

Доколку следната недела има парламентарни избори, со сигурност би излегле 42,2 отсто, додека 25,3 проценти не би гласале.

Во однос на прeтседателските избори, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има речиси двојна предност пред кандидатот за претседател од СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот